Ивановиќ го освои Токио

Од:

Српската тенисерка Ана Ивановиќ е победничка на ВТА турнирот во главниот јапонски град Токио. Таа утринава во финалето ја победи Каролине Вознијацки од Данска со 2-0.

Во меч што траеше еден час и 40 минути Србинката лесно го доби првиот сет препуштајќи и на противничката само два гема (6:2). Многу понеизвесно беше во вториот сет кој беше решен преку тај-брјек (7:2) за конечен триумф.

За Ивановиќ победата на турнирот игран за награден фонд од еден милион долари е вкупно 52. годинава со што е соборен нејзиниот личен рекорд од 2007 година кога забележала 51 добиен меч.

Воедно, за Србинката трофејот од Токио е четвртата титула сезонава и 15. во кариерата.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров