Според последните информации, израелските одбрамбени сили (ИДФ) започнаа ненадејни воени вежби на просторот на Голанската висорамнина, нестабилната територија помеѓу Либан и Сирија.
Израелската војска службено истакнува дека се работи за вежба со цел за подготовка од потенцијален напад на Хесболах од правецот на Јужен Либан.
Шефот на израелскиот генералштаб, генерал Бени Ганц им наредил на единиците од северниот и централниот команден центар, заедно со резервистите, да почнат со симулација на тревога.
Од (ИДФ) тврдат дека се работи за рутинска и предвидена вежба, но деталите не беа објавени во јавноста.
Сепак можеби не се работи само за „рутинска” вежба како што порачуваат од ИДФ. Коресподенти на израелското воено радио истакнаа дека времето на овие вежби „не е случајност”.
Единиците со хеликоптери се префрлени од централен Израел на просторот на Голанската висорамнина. Употребата на боева муниција е предвидена за ноќва.
Израел повеќепати досега истакнуваше дека е загрижен за ситуацијата во Сирија, особено кога станува збор за сирискиот арсенал на хемиско оружје. Израелскиот весник Haaretz пренесува како една од целите на актуелната вежба е проверката колку е подготвена војската на вооружена акција или дури на почеток на војна.
Притоа исто така се проверува со која брзина армијата може да се префрли од центарот на Израел до Голанската висорамнина.
Голанската висорамнина, порано позната како Сириска висорамнина, е плато на границите помеѓу Израел, Либан, Јордан и Сирија. Од шестодневната војна со Сирија, 1967 е под окупација на Израел, па повторно 1973. после Јомкипурската војна.