Обид за физички напад врз дописникот на А1он од Охрид на денешните протести

Од:

На денешните протести пред седиштето на регионалниот одбор на СОНК во Охрид, член од одборот се обиде физички да го нападне новинарот и дописник на А1он од Охрид.

По завршувањето на изјавата на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, членот на одборот Љубен Маркоски, кој е претставник во СОНК на една од највисоките државни културни институции и член на ветераните на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид, со погрдни зборови кон новинарот прашуваше како може да се поставуваат прашања дали денешните протести се организирани од власта.

Потоа, членот на одборот тргна кон новинарот физички да се пресмета, но беше спречен од друг член по што случајот помина без посериозен инцидент.

Ова е уште еден од многуте примери дека демократијата, слободата на говорот и слободата на медиумите во Република Македонија за на многу ниско ниво. За инцидентот е известено и Здружението на новинари.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност