(ВИДЕО) СДСМ: Деца и бремени жени се во опасност од жолтицата, власта им дели апчиња за канализација

Од:

Во отсуство на сериозност од надлежните институции, излеговме овде да ги поддржиме со право вознемирените граѓани во Шуто Оризари и да побараме итни и издржани мерки за жолтицата којашто пламти во оваа општина, рече Мила Царовска, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Само во Шуто Оризари, повеќе од 130 лица се заболени од жолтица, а бројката секојдневно расте, вели таа.

На оваа и соседната улица, без вода и канализација, во импровизирани живеалишта живеат 200 семејства, со по 4 членови во семејство. Од нив, 150 се деца од предучилишна и училишна возраст, додаде Царовска.

Во продолжение на изјавата таа рече:

За краток период, само на овие две улици, регистрирани се повеќе од 10 инфицирани деца со заразната жолтица. Инкубацијата е од 15 – 50 дена така што бројката е веќе поголема.

Има и 6 – 7 жени кои се бремени и се во ризик да се инфицираат!

Знаете ли какви мерки за заштита предложил Институтот за јавно здравје?

Дели апчиња на жителите за дезинфекција на канализациските чворови?!

Овие луѓе живеат во депонии, на само неколку километри од центарот на Скопје и стравуваат за своите деца и нивното здравје, додека денеска власта на Груевски таму почнува да го гради 18 милионското панорамско тркало.

Со своите политики Груевски ги стркала надолу граѓаните кои глава не можат да дигнат од зарази, невообичаени за 21-от век во којшто живее светот, но не и Македонија.

Бараме надлежните државни институции и локалната власт веднаш да излезат на терен, да направат увид на состојбата и да се посветат на решавање на лошите услови за живот.

Во меѓувреме, да се обезбедат цистерни со вода, што секојдневно ќе доставуваат свежа вода за пиење до луѓето, како и техничка вода за одржување хигиена.

foografija 5

fotografija 1

fotografija 2

fotografija 3

fotografija 4

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело