Грабул и Јотовски поразени во финалето на фјучрсот во Ниш

Од:

Македонските дејвис куп репрезентативци Димитар Грабул и Томислав Јотовски не успеаја да триумфираат во двојки на фјучрсот во Ниш. Тие попладнево загубија од браќата Иван и Матеј Шабанов од Хрватска.

Ривалите на Грабул и Јотовски беа рангирани како втори носители и ја оправдаа улогата фаворити добивајќи го мечот со 6:4 и 6:2 во гемови. На исходот на финалето влијаеше и тоа што претходно Јотовски одигра маратонски меч (повеќе од три часа) во три сета во четвртфиналето во сингл со Ласло Ѓере, што го загуби со 2:1 во сетови.

Македонските тенисери и следната недела ќе настапуваат на фјучрс турнир во Србија во Сокобања.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров