Убавините на црквата „Св. Пантелејмон“ и нејзината околина, денеска, од сончевото време, беа успешно исцртани од вештите раце на младите талентирани ученици, ученици na осматта по ред Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“.
Колонијата, традиционално e во организација на општина Карпош и Детскиот ликовен центар. Неа, освен ученици од десетте основни училишта на територија на општина Карпош, со своето присуство годинава ја збогатија и ученици и ментори од збратимените oпштини, и тоа од Србија, од БиХ, од Црна Гора и од Бугарија.
Оваа традиционална ликовна манифестација, која ќе трае три дена, има меѓудругото и цел да ги зближи учениците од соседните земји, со прошетка низ градот Скопје како и низ општина Карпош. Учениците-уметници, ќе имаат ликовно-творечка работа во галеријата на Детскиот ликовен центар, каде подоцна, љубителите на уметнички дела, ќе имаат можност да ги видат во изложбената галерија na Детскиот ликовен центар во Кинотеката на Македонија.
Денес, na отворањето на ликовната колонија, со пригоден говор ги поздрави присутните, претседателот на Комисијата за култура при Советот на општина Карпош, Горан Михајлов, кој го истакна задоволството од големата посетеност и заинтересираност за уметноста и тоа од ученици кои се во основно образование.
-Младината како вас е иднината на уметноста. Верувам дека ќе бидете големи креативци и успешни во своите творби. Ова што го работите тука, значи проширување на видиците и кративноста. – рече Михајлов и им посака успешна и пријатна работна атмосфера.
Во рамките на Детската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ , во наредните денови, ќе се доделуваат дипломи и признанија на учесниците од збратимените Општини како и на учениците од основните училишта во Карпош.