Обука на наставниците за работа со аутистични ученици

Од:

Професори од Америка, Карен Робинс и Рејчел Неал и професорката Емилија Симоновска-Стојановски од американското средно училиште „Нова“ во Скопје, денеска, го завршија седумдневниот семинар за аутизмот и дислексијата кај учениците.

Обуката се одржа во училишните простории на ООУ„Владо Тасевски“ и ООУ„Коменски“, а истата беше наменета за наставниците кои ќе се сретнат со ученици кој имаат ваков здравствен проблем. Ова е прва обука која е дел од понатамошните планирани активности на професорите од Америка и американското средно училиште „Нова“ кое се наоѓа во општина Карпош. Целта на семинарот е да се обучат наставниците на методите и техниките кои се употребуваат на учењето со учениците кои боледуваат од аутизам и дислексија, односно, како треба да се работи и како да се помогне на овие деца во процесот на учење и совладување на едукацискиот материјал.

Општина Карпош во континуитет ги поддржува овие активности кои се од големо значење за децата со здравствени проблеми, со цел да се чуствуваат моќно и здраво како и нивните врсници.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец