Македонија со добра правна рамка во борбата против трговијата со луѓе

Од:

Македонија има добра правна рамка и акциски планови за борба против трговијата со луѓе, а функционираат и засолништата каде престојуваат жртвите.

Состојбата со оваа појава е слична како и во државите од регионот. Ги има сите видови на експлоатација, а најмногу сексуалната по што следуваат трудовата експлоатација и питачењето.

Ова го покажува истражувањето „Проценка на потребите: Трговија со луѓе во Западен Балкан“ што го спроведе Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Оттаму посочуваат дека идентификацијата на жртвите од трговија со луѓе е важен чекор во борбата против оваа појава, а неопходна е и засилена координација и соработка меѓу сите засегнати страни.

Според извештајот, на Македонија и се препорачува да ја подобри работата и улогата на трудовите инспекции во идентификацијата и да им се дозволи на организациите да работат независно при формалната идентификација на жртвите на трговија со луѓе.

На ова реагираше заменик-координаторот за борба против трговијата со луѓе Санде Китанов, кој потенцира дека со ниту еден правен акт во Македонија не му е дадено авторитативно право на Министерството за внатрешни работи да ја врши идентификацијата на жртвите на трговија со луѓе.

Според проценките на ИОМ, годишно околу 800 илјади лица се жртви на трговија со луѓе кои се сексуално, психички и физички експлоатирани, а од ова се заработуваат годишно околу 32 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

ЕК: Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на трговија со луѓе во ЕУ секоја година

А1он

Oткриени повеќе од сто можни случаи на трговија со луѓе во Белгија

А1он

Стејт департмент: Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Во Централна Америка уапсени 45 шверцери на луѓе