МПЦ не прифаќа пораки од СПЦ преку курир од нерегистрираната ПОА

Од:

СПЦ деновиве се обиде преку курир, од нерегистрираната ПОА на Вранишкоски, на МПЦ-ОА да и достави одлука, со која поднесува црковно-судска постапка против архиепископот г.г. Стефан.

Но, како што пишува Дневник, во Архиепископијата одбиле на тој начин да ја примат одлуката.

„Повикувајќи се на македонски црковни извори, скопски Дневник пишува дека курир неодамна се обидел во Митрополијата да ја предаде поштата, но бил одбиен“, јавила Верската информативна агенција, а пренесе Танјуг.

Тоа за Белград требаше да биде доказ дека одлуката на српскиот е врачена на македонскиот Синод без директна комуникација. СПЦ го обвини архиепископаот Стефан о за “упорно опстојување во расколи прогон на Јован Вранишковски”.

Со воспоставувањето на три епархии (скопска, струмичко-злетовска и охридско-битолска), од Белградската патријаршија во 1959 година е добиен посебан статус према кој, Уставот на СПЦ не важи. Скопски Дневник пишува и дека со години имало црковни „тајни комуникации” међу Скопје и Белград преко српски теолог во Солун, извессен архимандрит Евстатиј, но тој веќе не посредува, во Црна Гора се подготвува за црковна мисија во Аргентина. Во МПЦ-ОА за Дневник потврдиле дека тајната комуникација честопати одела преку овој српски теолог во Солун.

„Тоа беше посебно интензивно во периодот кога митрополитот Амфилохие го менуваше тогаш болниот патријарх Павле и по неговата смрт с` до изборот на новиот патријарх Иринеј. Архимандритот ни се јавуваше по телефон и ние ги прифаќавме средбите со цел да се разговара за црковниот проблем. Откако дојде новиот патријарх, контактите се прекинати и СПЦ го заостри односот кон нас“, изјавиле во Македонската црква за Дневник.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите