Во Србија осудени 11 Албанци за сторени воени злосторства во 1999 година на Косово

Од:

Судот за воени злосторства во Србија денеска осуди 11 етнички Албанци на вкупно 116 години затвор за жестоки реакции за време и по конфликтот во Косово, соопштија германските медиуми.

Тие беа прогласени за виновни за мачење и убиство на најмалку 47 Срби и други неалбанци во Косово, од кои 32 се прогласени за исчезнати меѓу јуни и декември 1999 година.

Според судската одлука, групата исто така нелегално привела најмалку 153 лица, кои преживеале.

Казните се во распон од пет до 15 години затвор, а двајца од нив, кои се уште се на слобода, се осудени во отсуство.

Судот ослободи шест лица, од кои само едно е во затвор.

Ова е повторен процес против групата, откако во декмеври 2011 година судот нареди процесот повторно да се разгледа.

Одбраната побара обвинетите да се ослободат, подвлекувајќи дека многу од жртвите и околностите за нивната смрт и натаму остануваат нејасни.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски