Семејство и љубов за незгрижените деца

Од:

Со поддршка на проектот „На секое дете му е потребно семејство“, Општина Карпош преку своите 14-те урбани заедници, ќе се обиде да дојде до поголем број згрижувачки семејства за бездомни деца и деца без родители.

Основната идеја на овој проект е преку соработка на Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа и Општината, да се информираат и детектираат потенцијалните згрижувачки семејства. На овој начин, може да им се обезбеден топол дом, љубов, нега, грижа и внимание на што повеќе деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми или деца со посебни потреби. Раководителката на одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Гордана Зафировска, ја пренесе поддршката од градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и додаде дека Општината реализира низа мерки и активности од областа на социјалниот и здравствениот живот.

-Наша цел е да ги информираме и анимираме граѓаните за функционирањето на згрижувачки семејства и да ги поттикнеме да се збогатат со уште едно детенце на кое му е потребна вистинска нега и љубов. Да потенцирам, дека Општина Карпош продолжува со активностите од областа на социјалниот живот.

Љубовта и грижата се една од најважните компоненти во семејството. Освен ова, потребни се станбени услови како и обезбедени материјални средства. За тоа, општина Карпош веќе ги потпомага социјалните семејства кои добиваат еднократна помош, но и преку бесплатните екскурзии и ужинки за учениците од прво и второ одделение.

Хуманитарните активности спроведени во текот на целата година, се токму за семејствата кои пружаат родителска љубов и грижа во семејството. Исто така, Општината ќе помогне и ќе ги поддржи семејствата кои што ќе згрижат едно или повеќе деца со тоа што ќе им се додели еднократна парична помош, давање помош во вид на хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски средства. Истите семејства ќе бидат ослободени од плаќање на надоместок за престој во предучилишни установи,а ќе добијат и бесплатни ужинки за училишни деца, стипендии за талентирани ученици или спортисти, како и парична помош за која се доделува по повод 3-ти декември, Денот на лицата со хендикеп за оние семејства кои би згрижиле дете со посебни потреби. Освен тоа овие деца и семејства ќе бидат вклучени во различни настани и проекти.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира