Пушачите во Јужна Кореја, Јапонија и Кина стануваат и политички фактор

Од:

Државите од Азија, особено тие од источниот дел на континентот, се рекордери по бројот на жители  што пушат во однос на вкупната популација.

Со векови, велат социолозите, пушењето овде се смета за еден од поефикасните начини за соочување со стресот. Индустријализацијата го зголеми бројот на луѓето подложни на стрес, а тоа како последица има зголемување на бројот на пушачите, но и бројката на испушени цигари по пушач.

Само во Јужна Кореја, индустријата за цигари остварува промет од 9,5 милијарди долари, а по неодамнешното зголемување на даноците на цигарите во Јапонија, во финансиска смисла во овој бизнис Токио ќе го преземе до сега водечкото место на Сеул.

Јапонската влада дури по 17 годишна дискусија на таа тема, реши годинава да ги зголеми даноците на цигарите и делумно да ги ограничи местата каде што може да се пуши. Аналитичарите размислуваат дека ова може да биде своевиден негативен бумеранг во политиката, бидејки забраната за пушење не се вклопува во јапанската традиција на вредности. Овде се наведуваат податоци според кои, за да не ги загубат патниците, големите воздухопловни компании дозволуваат пушење во авионите што летаат од, или кон Јапонија.

Во Јужна Кореја има сериозни аналитичари кои укажуваат дека, ако политичарите го спроведат најавеното еигорозно ограничување на просторите з пушење, треба да сметаа за најмалку 20 посто помала поддршка на следните избори.

За Кина нема доволно податоци, но официјално е потврдено дека над 300 милиони кинези се робови на пушачката страст. Во Кина има рестрикции за пушењето, но речиси никој не ги почитува забраните, а и тие што треба да и спроведуваат евентуалните санкции се, во најголем број, пушачи.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија