Во родното село Вевчани денеска, по долго боледување, почина писателот Милутин Бебекоски.
Бебекоски е роден во 1941 година. Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1973 година.
Како поет и писател за деца Милутин Бебекоски остави богат опус со вредности кои се вградени во развојните процеси на современата македонската литература. Автор е на десетина поетски книги, меѓу кои „Нишалки под виножитото“, „Ѕвездена труба“, „Копче од ѕвезда“, „Воденици“ и „Дреноцут“.
За своето творештво е добитник на наградата на РТВ Скопје.
Милутин Бебекоски ќе бидe погребан утре во 14 часот на гробиштата во Вевчани.