Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека подготвува бескаматен кредит од 127 милиони долари за три африкански земји најтешко погодени со ебола – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.
Кредитот би требало да им помогне на владите на тие земји да излезат на крај со зголемените трошоци на здравствениот и безбедносниот систем откако епидемијата на ебола ги загрози нивните економии и ги намали приходите од даноци.
Кредитот исто така треба да покрие „поголем дел“ од 300 милиони долари кои со тие влади се потребни во наредните шест до девет месеци, соопшти ММФ. Светската банка во вторникот одобри 105 милиони долари за сузбивање на еболата од која во Африка починаа 2.400 луѓе.