Нигериската организација Боко харам брзо се преформира од собраница од се и сешто, и извршува спорадични бомбашки напади од своите пробежишта; се повеќе засилена и способна да заземе и задржи цели територии. При нападот од 1 септември, нејзините џихадистички борци го заземаа Бама – вториот по големина град во државата Борно.
Боко харам (името може отприлика да се преведе како „западното образование е забрането“) која е вооружена со ракетни фрлачи и опремени автомобили одземени од деморализираната нигериска армија, излегува од своите скривалишта во ридот Самбиса и планината Мандара. Во последниве недели таа зазема неколку града близу до границата со Камерун, меѓу кои и Гвоза, Гамбору Нгала и Банки.
Заземањето на Бама може да им обезбеди отскочна точка за напади на делови од државната престолнина Мајдугури, која е 65 километри одалечена, и чие население брои над еден милион жители. Тоа беше родното место на бунтовничката дејност. Две области заземени од организацијата во последниве недели образуваат стратешка полумесечина околу градот. Боко харам урна редица мостови, вклучително неколку во близината на Мајдугури, во обид да го спречи доаѓањето на армијата и да изолира делови од државата.
Заземањето на територии сведочи за промена на тактиката на Боко харам за брзи напади и непречено повлекување. Тоа можеби се совпаѓа со најавите на нејзиниот безмилосен водач Абубакар Шекау, дека некои региони во државата Борно се „муслиманска територија“, и изгледа го следи примерот со калифатот кој беше прогласен во делови од Ирак и Сирија од организацијата Исламска држава. Боко харам подигнува знамиња над градовите кои ги зазеле и ги принудува сите останати жители да го следат нивното строго толкување на шеријата (исламското право) или ќе бидат убиени.
Ако организацијата заземе уште територии, тоа може уште повеќе да ја влоши и така тешката хуманитарна ситуација. Илјадници бегалци бараат засолиште во Мајдугури, а според ОН девет илјади души кои избегале пред насилствата пристигнале во Камерун во последните десет дена, а две илајди ја преминале границата со Нигер – пустинска држава која веќе е изнемоштена под бремето на примените 50,000 бегалци од мај 2013 година до денес.
Постојат сосема мали шанси силите за безбедност на Нигерија да ги потиснат бунтовниците. Се зборува дека владините војници избегале од Бама, исто како што направија при претходните напади против други градови; минатиот месец цел батаљон избегал во Камерун. Армијата на Нигерија рече дека ги обиле нападите врз Бама, а потоа го продолжи полицискиот час во Мајдугури.
Неодамнешнте информаци од лондонскиот институт Чатам хаус упатуваат дека војските во северозападниот дел од земјата се соочуваат со проблеми со неквалитетно оружје, низок дух, дезертирање и со метежи. И покрај големото покачување на државните расходи за армијата, малку од тие средства доаѓаат до линиите на фронтот: многу од војнииците кој се борат против Боко харам добиваат плати со задоцнувања, а понекогаш и воопшто не ги добиваат.
Неопходна е промена во тактиката. Во информацијата се тврди дека армијата треба пред се да го заштити мирното население. Пред малку повеќе од една година, претседателот на Нигерија, Гулјак Џонатан, кој се очекува да се кандидира за повторен избор во февруари, донека жално призна дека делови од државата Борно веќе не се под конрола на владата. Ветувањето на Џонататн дека ќе стави крај на „сериозната закана за нацоналното единство и за територијалната целовитост“ изгледа има се помала тежина. Ситуацијата во Северна Нигерија се влошува, војниците дезертираат, а една се подрска терористичка организација добива на сила.
Економист – Лондон