Победи за Грабул и Дургути, пораз на Ѓорческа

Од:

Македонските тенисери со победи во поединечна конкуренција ги почнаа мечевите на фјучрс турнирот во Ниш (награден фонд 10.000 долари).

Најубедлив беше Бесир Дургути, кој на противникот Драгош Кристијан Миртеа од Романија му препушти само еден гем – 6:0 и 6:1. Во следното коло тој ќе игра со победникот од мечот меѓу нашиот Томислав Јотовски и Стефан Миленковиќ од Србија.

Димитар Грабул беше подобар од Иван Сабанов од Хрватска со 6:4 и 6:3 во гемови и во второто коло ќе игра против четвртиот носител Марко Тепавац од Србија.

Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрсот во Добрич, Бугарија на фјучрсот со награден фонд од 25.000 долари. Таа денеска во 1.коло во поединечна конкуренција загуби од Италијанката Алберта Брианти (8.носител). Ѓорческа е поразена со 2:1 во сетови (6:4; 1:6 и 6:3) од поранешната репрезентативка на Италија во ФЕД куп, која пред пет години беше 55.та на ВТА листата. И двете тенисерки имаа по четири брејка, а во вкупниот број поени беше 88:87 за Брианти.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров