Канада испратила 69 војници во Ирак, кои ќе имаат задача да ги советуваат ирачките безбедносни сили во борбата против екстремистичката „Исламска држава“ во северните делови на земјата, соопшти канадскиот премиер Стивен Харпер.
Харпер информацијата ја објави пред пратениците во Парламентот, на барање на опозициска партија да се објасни владината информација дека „неколку десетици“ припадници на специјалните сили се распоредени во Ирак.
Канада на почетокот на месецот најави дека ќе испрати војници во Ирак. Канадските војници ќе бидат распоредени во Ирак до 30 дена.