СДСМ: Тодоров дозволил 24.000 дијабетичари да останат без инсулинска терапија

Од:

Никола Тодоров дозволил 24.000 дијабетичари да останат без соодветната инсулинска терапија. Тодоров дозволил над 1.000 деца да останат без инсулинот што го користат. Тодоров на овие пациенти инсулинот им го заменува со постоечки залихи во земјава.

Со тоа го ризикува здравјето на луѓето, дисбаланс во организмот кај децата во развој и фатални последици кај возрасните граѓани, се вели во писмената реакција на СДСМ на реакцијата на Министерството за здравство за пресот на Чакаровски.

СДСМ бара Никола Тодоров и Никола Груевски веднаш да ги консултираат лекарите за последиците од нивниот аматеризам и веднаш да преземат чекори за обезбедување на соодветниот инсулин на дијабетичарите.

Би можело да ве интересира

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст

(ВИДЕО) Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка