СДСМ: Власта на Никола Груевски вештачки го намалува јавниот долг

Од:

Власта на Никола Груевски, наместо да ги скрати непотребните трошења на грбот на народот, таа со измени на закон по скратена постапка, вештачки го намалува јавниот долг, реагираат од СДСМ.

Во јавниот долг, власта повеќе нема да ги пресметува долговите на јавните претпријатија основани од државата, долговите од општините и Град Скопје, долговите на трговските друштва во сопственост на државата и на општинските власти. Од висината на јавниот долг, Владата го брише и долгот на Народната банка на Македонија!

Ова се случува откако јавниот долг на централната Влада достигна огромни 41 процент од БДП, а вкупниот јавен долг на државата се искачи на 52 процента од БДП.

По критиките директно од ММФ, САД, Велика Британија и Германија дека власта во Македонија не е транспарента во задолжувањето, Груевски и Ставрески мораа да се согласат на задолжително објавување на висината на јавниот долг на Веб страната на Министерството за финансии.

Но најдоа нов начин да го кријат јавниот долг. Со тоа власта прави простор и за нови задолжувања и кредити на државата и на граѓаните на Македонија, се вели во реакцијата на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв