65-годишна жена од Бангкок се самоуби, фрлајќи се во базен полн со крокодили.
Медимите во тајландскиот главен град пишуваат дека трагичниот инцидент се случил во фармата за крокодили Самут Пракам.
Вработените во фармата, која функционира и како зоолошка градина, се обиделе да ја спасат жената, но неуспеале во тоа, затоа што крокодилите брзо го распарчиле нејзиното тело.
Тајландската полиција отвори истрага за случајот. Претставник на полицијата изјави дека жртвата се лекувала од депресија, што е најверојатно и причината за нејзиното самоубиство.
Фармата за крокодили важи за една од туристичките атракции во Тајланд која ја посетуваат голем број домашни и странски туристи, секој ден, но медиумите во Бангкок забележуваат дека таа е позната и по слабите сигурносни мерки и прописите за безбедност на посетителите.
Претставник на семејството на жената за тајландските весници изјави дека таа исчезнала од дома и по неа била распишана потерница.
Сведоците на трагичниот инцидент обаснуваат дека жената ги собула своите чевли и скокнала од три метри високата платформа во базенот, во кои во тој момент имало стотина крокодили од различна големина.
Ова не е прв ваков инцидент во фармата. Во 2002 година, се случи исто вакво самоубиство, со фрлање во базенот, од една од платформите за гледање на животните.