Обилни дождови и драматичен пораст на водостојот на реките и потоците ги зафатија Плитвички езера.
Како што јави ХРТ, никогаш во изминативе 45 години не биле целосно поплавени понтонските мостови за бродови, а долните езера се затворени за посета бидејќи водата однела дел од патичките, а ги потопила повеќето.
Потопените Плитвички и натаму привелекуваат посетители кои, и покрај опасноста и предупредувањата, се пробиваат во паркот, а влезницата во националниот парк е поевтина за 50 отсто.