САД веруваат дека во Украина има пат напред, при што моменталниот прекин на огнот може да се задржи, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент Мари Харф.
Истовремено, таа предупреди дека договорот е под закана од страна на руските сепаратисти.
– Ако Русија целосно ги исполни условите од договорот од Минск, ќе постои пат напред, изјави Харф. Според Харф треба да бидат исполнети сите 12 чекори предвидени во договорот од Минск.