(ВИДЕО) СДСМ: Груевски да каже каде се 2.5 милиони евра и зошто нема пари за глумците

Од:

СДСМ ја повикува Владата на Република Македонија итно да го разреши скандалот со филмот До Балчак.

Прво, на филмот противзаконски, со владина одлука му беа доделени 2.5 милиони евра, откако Филмскиот фонд веќе го поддржа со половина милион евра. Сега премиерата на филмот До Балчак, скандалозно, на меѓународниот филмски фестивал во Битола, Браќа Манаки, помина во траорна атмосфера поради незадоволството на филмската екипа и неподмирени обврските кон локалното стопанство, вели Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ.

СДСМ бара лично од Никола Груевски, како најодговорен, кој додели 2.5 милиони евра за овој филм, да каже каде отидоа парите?

Зошто не се исплатени плати на глумците и филмската екипа?

Зошто не се исплатени средства на соработниците на филмот?

Како е можно, филм што дошол до ниво на премиера, па дури се споменува и за кандидат за Оскар, да е соочен со катастрофално менаџирање со продукцијата? Посебно што станува збор за пари на граѓаните на Република Македонија!

Никола Груевски треба да им објасни на граѓаните како е извршено пренесувањето на јавните пари.

Како е можно продуцентот да добивал средства, без притоа да поднесе план и Извештај за добиените средства?

Овој финансиски скандал не само што ги остава најзаслужните од филмската екипа без соодветната награда, и ги потценува соработниците кои се ставиле на располагање на снимањето на филмот, туку испраќа многу лоша порака за македонската филмска индустрија.

Колку сериозна беше атмосферата пред премиерата на филмот До Балчак, говори начинот на којшто беше спроведен Ѓорѓе Иванов до салата, на црвениот тепих, во обид да се избегне гневот на незадоволните актери и битолски еснафи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски