Средба на раководството на СДСМ со Аиво Орав

Од:

Можностите за воспоставување дијалог помеѓу власта и опозицијата, европските перспективи на Македонија и новата Стратегија на СДСМ беа клучните теми на разговор помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав.

СДСМ е определена кон изнаоѓање решенија што ќе гарантираат враќање на демократските процеси во Македонија, изразување на слободната волја на граѓаните и обезбедување услови за фер избори, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев го соопшти ставот на СДСМ за опстојување на петте барања на СДСМ, меѓу коишто клучно е обезбедувањето гаранции за практична имплементација на евентуалниот договор, што е познато и на ВМРО-ДПМНЕ и на јавноста во Македонија.

Во однос на евро-перспективите на земјава, претседателот Заев рече дека СДСМ останува посветена на препораката за почеток на преговорите со Европската Унија во овогодинешниот Извештај.

На средбата стана збор и за новата Стратегија на СДСМ, чијашто цел се исклучиво граѓаните на Република Македонија и создавањето услови за достоинствен живот за сите во државата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски