Поскапи компјутери, фрижидери, шпорети од 1-ви Јануари ги очекуваат граѓаните.
Поскапувањето ќе го предизвика новиот закон за отпад кој предвидува фирмите кои се увозници и производители на бела техника да го рециклираат и собираат електронскиот отпад.
Од догодина сите увозници на бела техника ќе треба сами да го собираат електронскиот отпад или во спротивно ќе треба да и платат казна на државата за загадување на животната средина.
Според Ана Каранфиловска-Мазнева од Министерството за животна средина трошокот за прибирање на старите апарати, увозниците ќе го вкалкулираат во крајната цената на производот, а поскапувањето засега не се знае колкаво би било.
Целата на законот според ресорното министерство е увозниците на електрични апарати да се грижат и за производот кога ќе стане отпад.
Казната за граѓаните доколку остават стар шпорет, бојлер, фрижидер или телевизор на несоодветни места изнесува 60 евра. На годишно ниво се увезуваат 33.000 тони електрична опрема и околу 5.000 тони компјутерска електрична електронска и оптичка опрема.