Делегација на ЕК во Скопје на средба со Попоски

Од:

Mинистерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски денеска ќе се сретне со делегација на Oдделот за Западен Балкан при Генералниот директорат на Европската комисија.

Делегацијата од Брисел ја предводи првиот човек во Директоратот за проширување на ЕК, задолжен за Македонија, Дејвид Кулен.

МНР соопшти дека Попоски на средбата ќе ги презентира клучните постигнувања на Македонија во процесот на европска интеграција со посебен акцент на постигнувањата во областите на слободата на изразување во медиумите, судството, борбата и спречувањето на корупцијата, меѓуетничките односи, политичкиот дијалог, добрососедските односи, реформата на јавната администрација, изборната реформа, пазарната економија, преземените активни мерки на пазарот на труд, а се очекува да го нагласи високото ниво на усогласеност на законодавството.

Средбата претставува можност за продлабочување на соработката со Европската комисија и директно информирање на одговорните за постигнувањата на Македонија во рамки на евроинтегративниот процес со очекување за брзо отпочнување на пристапните преговори, се наведува во соопштението од МНР.

Посетата на делегацијата на ЕК на Скопје доаѓа неполн месец пред објавувањето на новиот извештај за напредокот на Македонија, најавено за 8 октомври во Брисел.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска