Тениската репрезентација на Швајцарија избори пласман во финалето на Дејвис купот. Швајцарија предводена од нивниот најдобар играч Рожер Федерер денеска стигнаа до третата победа во полуфиналето против Италија и водство од 3:1.
Во денешниот прв меч, Федерер го совлада Фабио Фоњини со 3:0 во сетови. Според тоа мечот меѓу Мишел Лемер и Андреа Сепи нема да влијае на конечниот победник на дуелот Швајцарија – Италија.
На вториот полуфинален дуел Франција ја победи Чешка со 4:1, а во денешните мечеви во поединечна конкуренција победи постигнаа Јиржи Весели за Чешка против Жулиен Бенето и Гаел Монфилс за Франција против Лукаш Росол.
Финалето Франција – Швајцарија ќе се игра од 21 до 23 ноември, а домаќин ќе биде Швајцарија.