Наскоро сертификација на новиот „Ербас А350“

Од:

Сертификацијата на најновиот модел на „Ербас“ – А350 од страна на воздухопловните власти се очекува наскоро и со тоа ќе биде завршена брзата кампања на тестови.

Според повеќе извори Европската агенција за воздухопловна безбедност, како што јави дописникот на МИА од Париз, сертификацијата на А350 ќе ја издае во текот на последните денови од септември.

Европскиот конструктор на авиони веќе ги доставува последните документи и ги води дискусиите со европските власти за да го добие сертификатот како од европската така и од американската федерална агенција за авијација.

Во очекување на сертификатот, експертите едногласно оценуваат дека кампањата на пробни летови на „Ербасот А350ХВБ“ е една од најдобрите кои ги има спроведено „Ербас“. Кампањата траеше само 14 месеци.

„Ербас“ во средината на август соопшти дека А350 го заврши својот круг околу светот за само 20 дена со цел да се испроба во реални услови на експлоататација. Досега авионот прелета 151.300 километри, леташе 180 часови и слета и полета на 14 аеродорми. Сите забележани проблеми биле корегирани од „Ербас“ за време на кампањата.

Брзината на тестовите на новиот модел А350 се должи и на поуките извлечени од страна на „Ербас“ со своите два претходни модели супер џамбото А380 и воениот траснпортен авион А400, чиј развој беше проследен со големо задоцнување и инциденти.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата