Претставено стручното жири на ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Првата фестивалска прес-конференција на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола ја одржа Mеѓународното стручно жири.

Годинава, оценувањето и доделувањето на највисоките фестивалски признанија, наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ ќе ги вршат истакнати режисери, кинематографери, продуценти и филмски работници – Срѓан Драгојевиќ од Србија, Симон Таншек од Словенија, Ребека Толи од Велика Британија, Лазар Секуловски од Македонија и претседателот на жирито, Ѓора Бејах од Израел.

– Прекрасно се чувствувам во оваа прекрасна држава и во ова прекрасно место, бидејќи во Битола доаѓам по втор пат. Очекувам да погледнам добри филмови за што сум запознат од фестивалската програма. Наградите ќе ги добијат филмовите кои ќе обезбедат најдобар резултат, истакна претседателот на стручното жири, Израелецот Бејах, кој посака да го проба прекрасното црвено македонско вино, за кое, вели, надалеку се слуша.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски