Франција прв финалис во Дејвис купот

Од:

Репрезентацијата на Франција е првиот финалист во тенискиот Дејвис куп откако денеска со победата во двојки стигна до недостижна предност во полуфиналето против Чешка.

Француската двојка Жо Вилфред Цонга и Ришар Гаске постигна победа од 3:1 во сетови (6:7; 6:4: 7:6 и 6:1) против чешката комбинација Радек Штепанек и Томаш Бердих.

Франција по трите меча има водство од 3:0 против Чешка.

Во второто полуфинале што се игра во Женева неизвесноста околу финалистот е присутна откако Италија во двојки славеше триумф над Швајцарија.

Италијанските тенисери го намалија водството на противникот на 2:1 во победи. Симоне Болели и Фабио Фоњини со 3:2 во сетови (7:5; 3:6; 5:7; 6:3 и 6:2) ги победија Марко Кудинели и Стан Вавринка.

Финалето во Дејвис купот ќе се игра од 21 до 23 ноември.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров