Бинош воодушевена од македонските икони

Од:

Француската актерка Жулиет Бинош која синоќа пристигна во Битола на ИФФК „Браќа Манаки“, денеска ги посети античкиот локалитет Хераклеја Линкестис и Охрид.

Како што информираа организаторите на фестивалот, на оскаровката, која периодов снима четири филмови, исклучително и се допаднала природата во Македонија, како и античките и средновековните локалитети.

Во текот на денешната екскурзија во Охрид ги разгледала црквата „Св Богородица Перивлепта“, Канео и Плаошник. Во галеријата на икони во музејскиот комплекс на црквата „Св. Богородица Перивлепта“, Жулиет Бинош, која и самата слика, останал цел час, задржувајќи се многу повеќе од предвиденото. Иконите во галеријата ги оценила како вистински ремек дела.

Вчера вечер, по пристигнувањето во хотелот „Епинал“, таа побарала да проба македонски специјалитети, кои многу и допаднале, особено гравчето. Пробала мезиња, пити и други македонски традиционални јадења, како и ракија за која рекла дека ја освежила по долгото патување.

ПР тимот на Бинош не дозволува таа да се фотографира пред да дојде на црвениот килим.

Јавниот разговор со неа е во недела од 11 часот во малата сала на Центарот за култура во Битола. Настанот ќе го модерираат Лабина Митевска и Жарко Кујунџиски.

Трисет и петото издание на „Браќа Манаки“ почнува вечер во 20 часот. Покрај Бинош, во Битола се уште двајца оскаровци, Лука Бигаци и Крис Менџис.

На фестивалот два македонски филма ќе ги имаат своите премиери – „До балчак“ на Столе Попов и „Децата на сонцето“ на Антонио Митриќески. Вкупно 76 филма во осум категории ќе бидат прикажани на Фестивалот, меѓу кои и омаж на Милчо Манчевски. Годинашното јубилејно фестивалско издание се одвива под слоганот „Кон ѕвездите“.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски