Германија планира да испрати околу 40 воени инструктори во Ирак, за да ги обучуваат курдските борци за да ракуваат со оружје.
Германското Министерство за одбрана соопшти дека секоја од германските вооружени пратки, кои ќе почнат да се превезуваат по воздух кон Ирак подоцна овој месец, ќе биде придружувана од околу шест војници.
Околу 30 курдски борци ќе почнат обука за ракување со посложени оружени системи во Јужна Германија на крајот на месецот.