Конвојот камиони со руска хуманитарна помош пристигна во Луганск

Од:

Конвојот со 200 камиони со руска хуманитарна помош за населението на Источна Украина пристигна денеска во Луганск.

Како што јави ИТАР-ТАСС, немало инциденти на патот од руско-украинската граница и оти сега се врши истовар на помошта на руското Министерство за вонредни состојби.

Во хуманитарната помош која од Москва е испратена се наоѓа шеќер, житарки, прехранбени производи, опрема за пречистување на вода, генератори за струја и останати предмети за населението на регионот Донбас.

Според ИТАР-ТАСС, немало претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во придружба на конвојот.

Портпаролката на МКЦК Анастасија Исјук наведе дека тие не биле официјално известени за договорот меѓу Русија и Украина со кој се решени техничките детали врзани за помошта.

Овој втор конвој за потребите на населението во регионите зафатени од војната во Украина беше подготвен пред три седмици, но Украина прво побара да го прегледа товарот пред да дозволат камионите да влезат во земјата.

Првата пратка со хуманитарна помош од Русија со речиси 2.000 тони храна, вода и останато во Луганск пристигна на 22 август.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци