Водство од 2:0 за Швајцарија против Италија во полуфиналето на Дејвис Купот

Од:

Откако селекцијата на Франција победи со 2:0 против Чешка, предност од 2:0 имаат и тенисерите на Швајцарија против Италија, во полуфиналето на Дејвис куп.

На дуелот во Женева Станислас Вавринка го доби вториот сингл дуел за Швајцарија откако во мечот против Фабио Фоњини славеше со 3:0 по сетови 6-2, 6-3 и 6-2.

Претходно, победа од 3:0 оствари и Роџер Федерер кој исто така во три сета 3:0 (7-6, 6-4 и 6-4) го победи Симоме Болели.

И во втората полуфинална пресметка домашните тенисери на Франција по првиот ден имаат предност од 2:0 во дуелот со Чешка. Победи за „Триколорите„ остварија Ришард Гаске и Жо Вилфред Цонга во мечевите со Томас Бердих и Лукас Росол.

Утре на програмата е мечот во двојки, а в недела преостанатите два сингл мечеви.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров