Љубовна сторија меѓу двајца поранешни социјалистички министри

Од:

Само една недела по објавувањето на „жешката книга“ на Валери Триервелер за приватноста на францускиот претседател Франсоа Оланд, неделникот „Пари Мач“ на своите читатели им приреди ново изненадување – репортажа на фоторграфии од „љубовната сторија“ на Арно Монтебург и Орели Филипети, два поранешни министри во владата на Мануел Влас, првиот министер за економија, таа за култура, пренесува дописникот на МИА од Париз.

„Арно Монтебург и Орели Филипети љубовна сторија во Сан Франциско“ – пишува неделникот „Пари Мач“ како легенда на фотографијата на насловната страница.

Двата поранешни членови на владата на Франсоа Оланд, се покажаа доста критични кон политиката која ја води владата во областа на економијата и буџетското штедење, што предизвика пад на првата влада на Мануел Валс и нејзинот реконструирање.

Двајцата поранешни министри најавија дека ќе поднесат тужба против неделникот, а политичките коментари и социјалните мрежи се забавуваат и се запрашуваат дали министерката за култура Орели Филипети го следеше министерот за економија во критиките и оставката, поради политички убедувања или љубов.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата