Тим Кларк: Трагедијата со малезискиот авион во Украина можеше да се избегне

Од:

Трагедијата со патничкиот авион на компанијата „Малезија Ерлајнс“ кој беше соборен во Украина, можеше да биде избегната, изјави за Би-Би-Си, првиот човек на авиокомпанијата „Емирати“ Тим Кларк.

Тој тврди дека „некои компании“ знаеле за постоењето на ракети со висок дострел во Украина, па го избегнувале воздушниот простор на оваа земја, но таа информација не ја поделиле со другите.

– Доколку авиопревозниците знаеја за распоредените ракети земја-воздух со дострел и до десет илјади метри, тие ќе ја одбегнуваа Украина, вели Кларк, кој тврди дека неколку недели пред трагедијата со малезискиот „Боинг“ имало сознанија за распоредените противавионски ракети.

Според генералниот директор на „Емирати“, на авионските компании им било оставено да летаат над украинскиот воздушен простор на големи височини. Но, Кларк вели дека во еден доверлив извештај од пред неколку недели, било откиено дека три други големи патнички авиони се наоѓале во истиот реон и во исто време, како и соборениот „Боинг 777“ на „Малезија Ерлајнс“.

Во авионот што леташе на својата редовна лонија од Амстердам до Куала Лумпур, загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Кларк сега бара сите комапнии да добиваат јасни и прецизни информации за состојбите со летањето во кризните зони и на тој начин, веднаш да бидат предупредени сите авиопревозници околу тоа дали треба или не да се лета во таквите подрачја.

Сега одлуката за тоа дали треба да се користи коридорот што минува преку воена зона, им е оставена на самите авионски компании кои, пак, не се задолжени меѓусебно да се информираат за безбедносната состојба во разни делови од светот.

Тим Кларк верува дека доколку постоеше еден ваков систем на комуникација и предупредување, малезискиот авион немаше да лета над Украина, па на тој немаше да биде погоден со ракета, испукана од подрачјето во кое неколку месеци се војува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми