Избран проектот за новата плажа во Охрид

Од:

Заврши електронското гласање на кое граѓаните можеа да изберат најдобро идејно решение за уредување на плажата на Охридското eзеро, во близина на охридскиот аеродром.

Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека од вкупно пристигнатите пет идејни решенија, најмногу гласови има добиено третиот проект, односно 56 проценти од вкупно 3.072 гласа, по што следуваат првото идејно решение за кое гласале 21 процент од вкупниот број на гласови, второто решение со 14 проценти, четвртото со 7 проценти и петтото со три проценти од гласовите.

Во следниот период, ресорното Министерство ќе донесе решение за доделување на награда, како и за исплата на трошоци за останатите идејни решенија.

Предвидено е плажата да се изгради според највисоките туристички стандарди, без да се наруши еко-интегритетот на околината.

На плажата предвидено е да има песочна површина, да се заштити постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, како и да се уреди со клупи, фонтани за питка вода и пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Треба да има и шанк со кабина за музика, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, остава за чадори, лежалки и други реквизити, а треба да биде обележан и просторот за капење во езерото. На плажата треба да се предвидат и места за информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забава.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски