ВИДЕО: Заев ја промовираше изградената пешачка патека во Банско

Од:

Во рамките на спроведувањето на проектот „Развој на алтернативни форми на туризам-Податоци за туризам“, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013, општина Струмица успешно ги реализираше градежните работи за изградба на пешачка (трим) патека во населеното место Банско, односно најважната активност за општина Струмица во овој проект.

pesackaPatekASTR (2)

Трим патеката, со вкупна должина од 760 метри и ширина од 2 метри, се протега од центарот на селото до хотелот „Цар Самуил“, поврзувајќи ги кружно најзначајните културно-историски и туристички обележја во Банско. Истата е опремена со павер елементи, поставени се 30 клупи од двете страни за одмор на рекреативците, осветлена со 40 канделабри и друга урбана опрема.

pesackaPatekASTR (3)

Изградената пешачка патека, синоќа, ја промовираше градоначалникот Зоран Заев, кој заедно со тимот од општината кој учествуваше во реализацијата на проектот, членови на Советот и жители на Банско ја направија првата прошетка по патеката.

pesackaPatekASTR (4)

-Оваа патека освен за туристите и посетителите, е наменета и за граѓаните на населеното место Банско, за љубителите на рекреацијата и пешачењето, за гостите во хотелот „Цар Самуил“ и за сите оние кои сакаат да ги посетат археолошките локалитети и културно-историските споменици во ова место, а воедно да го почувствуваат и свежиот воздух од планината Беласица. Овде има прекрасна можност за панорамско фотографирање на селото Банско и целата Струмичка околина. Патеката е од прва класа, односно за неа не е потребно претходно искуство во пешачење.

pesackaPatekASTR (5)

– Има рамна подлога, чија површина нема стрмни делови и скалила. Погодна е за лицата со посебни потреби кои користат помагала – инвалидски колички. Воедно, трим патеката во Банско е една од 20-те патеки за алтернативен туризам на територијата на општина Струмица, кои беа селектирани, мапирани и категоризирани, во рамките на проектот „Податоци за туризам“.  Вкупната должина на 20-те патеки изнесува 112,27 километри. До крајот на проектот, шестти октомври  оваа година, планирано е да се определат и 5 патеки на планината Беласица, со што вкупниот број на патеките ќе биде 25, а нивната вкупна должина ќе достигне над 200 километри, рече градоначалникот Заев.

Вкупниот буџет на проектот за општина Струмица изнесува 134.160,00 евра.

pesackaPatekASTR (6) pesackaPatekASTR (7) pesackaPatekASTR (8) pesackaPatekASTR (9) pesackaPatekASTR (10) pesackaPatekASTR (11) pesackaPatekASTR (12) pesackaPatekASTR (13) pesackaPatekASTR (14) pesackaPatekASTR (15) pesackaPatekASTR (1)

 

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија