САД и Канада ги откажаа палнираните заеднички воени вежби со Русија „Буден орел“, поради ситауцијата во Украина, јави ИТАР-ТАСС.
Според претставник на Здружената команда за воздушна одбрана на Северна Америка, одлуката за откажување на вежбите е донесена од раководството на Министерството за одбрана на САД и премиерот на Канада Стивен Харпер.
Дводневните вежби „Буден орел“’ требаше да се одржат во американската сојузна држава Алјаска во август годинава. Руско-американско-канадските воени вежби „Буден орел“ се одржуваа секоја година од 2006-та.