Уште не стивнаа протестите против американскиот антиисламистички филм, а веќе се насетува нова бура од незадоволство.
Францускиот сатиричен неделник, на насловната страна во најновиот број, објави карикатура на пророкот Мухамед со наслов „Недопирливи 2“ и натпис „Не смееме да се смееме“.
Француската полиција реши да ги обезбедува просториите на неделникот.
„Ова ќе ги шокира оние што сакаат да бидат шокирани“ – изјави главниот уредник и истакна дека не се загрижени заради овјавувањето на ова издание, бидејќи не го смета за провокација.
Не е првпат овој сатиричен неделник да провоцира. Минатата година после експлозијата на бомба во работните простории, откако беше објавена првата карикатура на пророкот Мухамед, заканите со смрт и блокирањето на Фејсбук страниците, на насловната страна објавија карикатура на страстен бакнеж помеѓу муслиман и карикатуристот, а под неа пишуваше „Љубовта е појака од се“.