(ВИДЕО) Козаров: Власта го уништи дури и чистиот воздух во Битола

Од:

Денес граѓаните на Битола се сведоци на уште едно лицемерие од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Кога пред само неколку месеци ние советниците од опозицијата апелиравме и протестиравме за катастрофалната состојба на воздухот во Битола, тие не нарекоа кловнови кои сакаат да привлечат внимание, рече на прес-конференција Горан Козаров од општинската организација на СДСМ од Битола.

– Но денес тие истите од ДПМНЕ кога увидоа колку граѓаните се засегнати од проблемот со немање чист воздух во Битола организираат трибина. Господа од ДПМНЕ, ако вие бевте со искрени намери за почист воздух во Битола и за заштита на граѓаните досега ќе кажевте стоп за сечењето на дрвата во касарната и градот за остварување на својте лични и други интереси, ќе оставевте граѓаните слободно да одат на Пелистер без наплата на билет за влез во истиот и ќе ги оспособевте мерните станици кои не работат повеке години – рече Козаров.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт, за десет години направила пустош низ Битола и уништила сè, вклучувајки го, како што истакна, и чистиот воздух.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме