Вељаноски на Европската конференција на претседатели на парламенти во Осло

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска присуствуваше на отворањето на Европската конференција на претседатели на парламенти во Осло, Норвешка.

Конференцијата ја отворија претседателот на норвешкиот Стортинг, Олемик Томесен и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Ан Брасер. Воведно обраќање имаа и генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд и министерот за прашања од ЕУ, Видар Хелегесен.

Вељаноски, како што соопшти неговиот кабинет, се обрати на првата сесија на тема “Основни уставни права и слободи – учество, доверба и јавна дебата како услови за демократија”.

Претседателот на македонското Собрание оствари и билатерални средби со свои колеги, претседатели на парламентите кои учествуваат на Европската конференција.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски