Холанѓаните конечно објавија прелиминарен извештај за трагедијата на Боингот 777 над Украина на 17 јули. Како основна причина наведени се оштетувања предизвикани од надворешни фактори. Со други зборови, малезискиот авион бил урнат, во што никој не се сомневаше. Извештајот од 9 септември не ги откри причините за катастрофата. Во него се собрани само добиените факти.
Постојат три основни верзии за трагедијата: украинската војска го урна авионот случајно од ракетниот комплекс Бук; авионот го урнаа бунтовниците од истиот тој комплекс, авионот е урнат со ракета земја-воздух, а потоа го доуништиле украинските ловци. Сите други варијанти се производ на првите три.
Постои и четврта, најегзотична. Таа е поврзана со наводен обид за атентат на претседателот на Русија Владимир Путин. На 17 јули ешалоните на движењето на два авиона на малезискиот и рускиот претседател се пресретнале над Полска. Но, авионот на претседателот Путин поминал низ трасата еден час порано. Руската страна, вистина, тие варијанти ги смета за апсурдни. Авионот на Путин над Украина не летал. Вистина, Киев можеше тоа да не го знае. По конфигурациите и ознаките авионите се слични.
Од сите други земји, Русија најмногу е заинтересирана за тоа да се дознае вистината, вели рускиот политиколог, експерт од Фондот за историски перспективи Павел Свјатенков. Русија треба и мора да бара најбрз можен објективен крај на истрагата. Со многу голема веројатност, рушењето на малезискиот Боинг е провокација на украинската влада и тоа треба да се истера на чистина. Овој случај не смее да се заборави: на имиџот на Русија е нанесена серозна штета. Ние ќе ја бараме вистината.
Сите патнички авиони обично се движат по заобиколни маршрути, избегнувајќи зони на конфликти, вели искусниот руски пилот, експерт за безбедност на летови Александар Романов. Летот МН17 леташе во зона на боеви дејствија и тоа не беше случајно. Украинските диспечери уште го принудиле да отстапи 14 километри од коридорот и го пуштиле низ најкритичните региони на конфликтот на областа Доњецк, потсетува Александар Романов.
Многу прашања немаат одговор. Едно од нив е отстапувањето на авионот 14 километри од зададената маршрута непосредно пред катастрофата. Снимките од разговорите на екипажот со диспечерите од земја, внимателно се кријат.
И засега ние нема да ги слушнеме, вистината нема да биде откриена. Само така да се отстапат 14 километри од однапред утврдената маршрута, на патнички авион, не може да се направи без команда од диспечерите.
Квалификацијата на персоналот со украински средства на ПВО кај експертите предизвикува сериозни сомнежи. Уште пред 13 години на 4 октомври над Црно Море украински припадници на ПВО урнаа авион на компанијата Сибир Ту-153М. Оваа трагедија како јајце на јајце личи на трагедијата на малезискиот авион. Овој авион исто така леташе на висина од околу 11.000 метри и беше срушен со украинска против авионска ракета Ц-200 (во тој момент на тогашниот украински Крим се одвиваа маневри). Загинаа 78 луѓе, сите патници и екипажот. Без оглед на утврдените факти кои ги призна меѓународната заедница, Украина не ја призна својата одговорност, одбивајќи да исплати компензација на роднините на загинатите.
Во Москва пристигна министерот за одбрана на Малезија Хишамудин Хусејн, да разговара за текот на истрагата. Ниту еден виновник за трагедијата не треба да го избегне заслужениот суд и казна, рече Хашимудин Хусејн. Министерот исто така изјави дека Малезија има разузнувачки податоци, но за сега е рано да се објавуваат. Конечен извештај ќе биде објавен во летото идната година.
Гласот на Русија – Москва