Зошто американската банкнота е зелена?

Од:

Во 1861 година, како средство за финансирање во американската Граѓанска војна, федералната влада почна да издава хартиени пари првпат откако Континенталниот конгрес почнал да печати пари како помош за да се плати Револуционерната војна (првична форма на хартиени долари, со слика од континентите од двете страни, биле отпечатени во толку голем број што наскоро загубиле многу од својата вредност).

Во децениите пред Граѓанската војна, приватни банки печателе хартиени пари, што резултирало со широка палета на вредности и дизајни. Новата банкнота која ја ставила во промет владата на САД се појавила во 1850 и била позната како „зелената“ заради нејзината зелена задна страна која била печатена со зелено мастило. Ова мастило било мерка против кривотворење за да се спречат фотографски верзии, затоа што камерите од тоа време можеле да прават само црно-бели фотографии.

Во 1929 година, владата ја намалила димензијата на хартијата на сите банкноти (со цел да се скратат производствените трошоци) и вовела стандарден дизајн за секоја вредност, со што на луѓето им олеснило да разликуваат вистински од лажни банкноти. Малите по вредност банкноти продолжиле да се печатат со зелено мастило затоа што, според Бирото за печатење и гравирање на САД, било користено многу мастило и за да биде издржлива, а зелената боја асоцијација на стабилноста.

Денес, постојат 1,2 трилиони долари во кованици и банкноти кои циркулираат во Америка. Секоја банкнота од еден долар чини по околу пет центи за да се отпечати, и околу 13 центи за банкнота од 100 долари, која е најголемата вредност која е во оптек. Се претпоставува дека животниот век на секоја банкнота од еден долар е близу шест години, додека банкнотите од 100 долари траат по 15 години. Банкнотата од 50 долари има најкраток животен век од 3,7 години.

History.com

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН