На само 50-тина метри од една плажа на шпанскиот остров Мајорка е изгрдена совршена куќа од која може да се ужива во сините води на Медитеранот и во сјајот на Сонцето.
Ентериерот во куќата е бел што продонесува за пријатно чувство, кое го надополнува и удобниот и релативно едноставен мебел.
Дрвениот кревет во спалната соба одлично се вклопува со другите делови од мебелот изработен од природни материјали, а светлата кујна ја има целата покуќнина неопходна за подготвување храна.
Подот во куќата е од дрво, врз кој се послани шарно декорирани теписи, кон кои се прододават и други додатоци и детали со јаки бои.