Отворен Инфо Поинт Центар во Тетово

Од:

Во Тетово вчера беше отворен Инфо Поинт Центар, кој ќе функционира како дел од проектот „Заштита на трговската марка на производите од прекуграничната соработка“ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, во рамки на Програмата ИПА 2007-2013, финансирана од Европската Унија.

На свеченото отворање учествуваа претставници од компаниите членки на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), невладини организации, универзитети, градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, како и претставници од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Овој проект се реализира во полошкиот и југозападниот регион на Македонија и ќе бидат опфатени градовите Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Охрид, а од страна на Албанија, градовите Корча и Дибра. Проектот започна да се имплементира на 2 јуни 2014 година, и ќе трае до 2 декември 2015 година.

Претседателот на СКСЗМ Мендерес Кучи истакна дека дамнешна идеја на Комората е започнување иницијатива за подигнување на свеста на компаниите за заштита на трговските марки и производите на начин што почетната инвестиција и регистрацијата на марката во голема мера подоцна ќе им помогне да не се злоупотреби нивното име или марка, која, како што рече, може да ги чини многу, па дури и до губење на имиџот на производот.

Градоначалничката на општина Тетово, Арифи, посочи дека Македонија има многу производи, и оти единствена работа која треба да се направи е да се подигне знаењето на компаниите за заштита на нивните трговски марки.

– Се надеваме дека овој Проект ќе има влијание врз компаниите за нивно освестување од аспект на заштита на трговските марки и производите, рече Теута Арифи.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски