Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со својата партнерка Деспина Папамихаил од Грција, обезбедија пласман во полуфиналето на фјучрс турнирот во Софија во игра на двојки.
Ѓорческа и Папамихаил во четвртфиналето на овој турнир ги совладаа Хилда Меландер и Ребека Петерсон од Шведска кои ја имаа улогата на четврти носителки.
Првиот сет им го добија нивните противничките со 7:5, а во вториот Ѓорческа и Папамихаил возвратија со 6:4. И третиот решавачки сет се играше во 12 гема односно тај-брејк, а за на крајот Ѓорческа и Папамихаил да го добијат со 11:9 на поени.
Во полуфиналето противнички на Ѓорческа и Папамихаил ќе им бидат првите носителки Тамара Чуровиќ од Србија и Река Лука Јани од Унгарија.
Ѓорческа во поединечна конкуренција утре ќе игра и против носителка број 6 Тереза Мрдежа.