Оланд реагира на книгата на Валери Триервеилер: „Лагата ме поогодува“

Од:

Од тристата страници на книгата на жената со која го делеше животот од 2007 година се до јануари оваа година, еден дел посебно го погодува претседателот на Франција, Франсоа Оланд, тој за „беззабниците“ – пренесува дописникот на МИА од Париз.

Првите извадоци на книгата беа објавени во неделникот „Нувел Обсеравоор“, пред да биде пуштена во продажба, така и шефот на државата своите први официјални реакции на напишаното во книгата ги објавува во истиот неделник, кој важи близок до француските социјалисти.

– Нападот врз сиромашните, најслабите, тоа го доживеав како удар врз целиот мој живот, објаснува Оланд во неделникот.

– Во текот на сите мои функции, во сите мои мандати, мислев само да им помагам, да ги претставувам тие што страдаат. Никогаш не бев на страната на моќните, иако не сум нивни непријател, но јас знам од каде доаѓам“ – додава тој.

Понатаму претседателот продолжува: „Мислите ли дека заборавив од каде доаѓам? Дедо ми од страната на мајка ми беше мал кројач со потекло од Завоа, тој живееше со неговото семејство во скромен двособен стан во Париз. Дедо ми од страната на татко ми, тој, беше учител, со потекло од селско сиромашно семејство од северот на Франција. И мислите ли дека јас можам да ги презирам лушето од каде доаѓаат моите корени, моите причини за живеење?“

Во книгата „Благодарам за моментот“ Валери Триервеилер го опишува претседателот како човек кон „не ги сака сиромашните“, и ги нарекува „беззабници“ – „многу горд на својот хумор“.

Франсоа Оланд категорично го отрфла она што го напиша неговата поранешна невенчана сопруга.

– Тоа е лага која ме погодува“ – тврди тој за неделникот. „Да, сретнав луѓе во најголеми тешкотии, измачени од животот. Тие не можеа да си ги лекуваат забите. Тоа е најтешката од сите беди. Овие луѓе, јас со нив се среќавав, ги помагав, ги поддржував“ – појаснува Оланд.

Во однос на политичката ситуација во која се наоѓа француската влада, претседателот Оланд, се доверува дека тој „живее момент кој за него не е пријатен“.

„Но што сакате?“ – додава тој. „Да одам да плачам пред Французите за мојата судбина, да плачам? Не сум демагог, ниту глумец. Французите чекаат нешто друго од мене. Тие сакаат резултати. Мојата душевна состојба не ги интерсира. Тие се во право. Сакам да останам автентичен каков што сум. Никогаш не лажев, никогаш не барав да се прикажам поинаков од тоа што бев“ – завршува Франсоа Оланд за неделникот „Нувел Обсеравтор“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата