Тројцата македонски тенисери кои денеска настапија во 1.коло на фјучрсот во Суботица остварија пласман во второто коло.
Томислав Јотовски со 6-2 и 6-2 во гемови го совлада Унгарецот Виктор Филипенко. Притоа Јотовски на противникот му дозволи само една брејк топка. Пред две недели со итсиот тенисер Јотовски постигна тешка победа од 2-1 во сетови.
За разлика од него Димитар Грабул одигра три сета со Французинот Флорен Диеп и постигна победа од 2-1 (7:6 (7:5), 4:6 и 6:0).
Шендрит Деари во втората рунда „влезе“ откако неговиот ривал Сергу Роговеану (Романија) го предаде мечот при водство на Деари од 6-1 во првиот сет и 4-0 во вториот.
Утре во второто коло ќе има „македонска пресметка“ Јотовски против Деари, додека Грабул игра со првиот носител Роман Јебави од Чешка. Победниците од овие мечеви ќе играат во четвртфиналето.