60-годишнината на Гинисовата книга на рекорди е обележана со ново издание во кое се прави осврт на изминатите шест децении во кои се соборувани рекорди.
Во книгата се наоѓаат и нови рекордери кои по многу работи се карактеризираат како необични.
Во продолжение дел од нив:
Данскиот играч на голф, 49- годишниот Карстен Мас обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди 2015, создавајќи ја најдолгата употреблива голф палка. Таа е долга 4.37 метри и може да го „испрати“ топчето на оддалеченост од дури 165.46 метри.
47-годишниот Ник Бенет од Велика Британија ја поседува најголемата колекција на сувенири, поврзани со филмовите на Џејмс Бонд. Тој има 12.463 такви предмети.
Жителот на Лондон, пак, Јаник Рид ја направи најмалата камп приколка на светот. Оваа приколка која е потполно функционална е долга 2.39 метри, висока 1.53 метри и широка 0.79 метри.
Ник Стобери од Калифорнија влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек со најдолг јазик на светот. Исплазениот јазик на ова 24- годишно момче е долг дури 10.1 сантиметар.